ВИДЕО | Драган Бјелогрлиќ: Како можам да бидам среќен во несреќно општество, иако сум финансиски обезбеден

Фото: Nikola Krstic / Shutterstock Editorial / Profimedia

Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ гостуваше во емисијата „Неделен впечаток“ каде уште еднаш ја коментираше ситуацијата во Србија и се осврна на критиките што ги добива, а во кои често му велат дека нема право да протестира бидејќи е финансиски обезбеден.

Бјелогрлиќ неодамна дури беше обвинет од таблоидите дека физички го нападнал водителот на емисијата, што и двајцата го демантираа. Во емисијата Бјелогрлиќ го кажа својот став околу ситуацијата во општеството и објасни дали е тој среќен човек.

„Каква е дефиницијата и од која позиција дефинираме дека сега кога сум финансиски обезбеден треба да бидам среќен човек? Како можам да бидам среќна личност во несреќно општество. Како? Моите деца треба да растат и да живеат во истото несреќно општество. И сега кога се решив, треба да молчам и да се грижам за мојата работа. Дали е тоа пораката?“, праша Бјелогрлиќ.

Во исечокот од емисијата кој кружи на социјалните мрежи тој продолжува со своето објаснување во кое вели дека не сака да молчи за неправдите и дека добива коментари како, „Ти дадовме работа – молчи“.

Бјелогрлиќ истакна дека во текот на својата кариера се борел за тоа што го работи и дека токму затоа има резултати.

„Прво, не ми дадовте да работам – се борев за моето право на работа и бидејќи си ја работам работата најдобро поради мојата способност и за тоа, фала богу, имам резултати и на кого да бидам благодарен? И треба, претпоставувам, да изразам благодарност со моето молчење. Со тоа што не протестирам. Толку е откачено и болно што никој не смее да го праша тоа прашање. Какви се тие аршини? Па што? Само тие што немаат можат да протестираат?“, праша на крајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот