ВИДЕО | Дончиќ постигна 45 поени, но Штрус го шокираше Далас со тројка од половина терен

Фото: Cleveland Cavaliers

Драматичен натпревар се играше изминатата ноќ помеѓу Кливленд и Далас. На крајот победата за домаќините од 121:119 беше обезбедена со тројка со звукот на сирената.

Лука Дончиќ одигра неверојатен натпревар во кој постигна дабл-дабл од 45 поени, 14 асистенции и девет скокови. Херој на Кливленд беше Штрус кој постигна 21 поен вклучувајќи ја и тројката од половина терен за победа.

Во овој момент Далас на Западната конференција е на осмата позиција со 33 победи и 25 порази, додека Кливленд е втор на Истокот со 38 победи и 19 порази.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Бруклин 108-81

Вашингтон – Голден Стејт 112-123

Атланта – Јута 124-97

Бостон – Филаделфија 117-99

Њујорк – Њу Орлеанс 92-115

Чикаго – Детроит 95-105

Милвоки – Шарлот 123-85

минесота – Сан Антонио 114-105

Оклахом – Хјустон 112-95

Портланд – Мајами 96-106

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот