ВИДЕО | Дончиќ постигна 43 поени и заврши во публика, Далас поразен од Клиперси

Фото: Screenshot

Лука Дончиќ и изминатата вечер одигра одличен натпревар за Далас, сепак неговиот тим претрпе пораз од ЛА Клиперси со 113:101.

Словенецот беше одличен и натпреварот го заврши со дабл-дабл во кој постигна 43 поени, а додаде уште 11 скокови и седум асистенции.

Во центарот на вниманието Дончиќ беше и кога во обид да стигне една топка заврши во публиката. Kај Клиперси најефикасен беше Ленард со 33 поени, девет скокови и четири асистенции.

Стеф Кари откако пропушти 11 натпревари се врати во составот кај Голден Стејт, но и тоа не беше доволно за Вориорси да го победат Феникс. Феникс на гости славеше победа од 113:125. Томпсон со 29 поени беше прво име кај Вориорси, додека Бриџис го предводеше Феникс со 26.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Детроит 147:116, Мајами – Оклахома 112:111, Торонто –Шарлот 132:120, Јута – Кливленд 116:114, Голден Стејт – Феникс 113:125, Портланд – Орландо 106:109,  ЛА Клиперс – Далас 113 -101.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот