ВИДЕО: Дончиќ имаше 39 поени за 39 минути, но сите зборуваат за потегот пред мечот со Минесота

Лука Дончиќ/ фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Во НБА лигата кошаркарите на Далас загубија со 101:119 против Минесота која е моментно водечка во Западната конференција.

Во редовите на Маверикси не беше доволна ни одличната партија на Лука Дончиќ кој за 39 минути постигна 39 поени и воедно запиша шест скокови и 13 асистенции.

Словенецот се израмни со рекордот на Германецот Дирк Новицки кој беше лидер во историјата на Далас по бројот на натпревари со 35 и повеќе поени. Тоа им успеа на двајцата 78 пати, а само прашање на време е кога Дончиќ ќе биде осамен на врвот на оваа листа.

Непосредно стартот на мечот меѓу Далас и Минесота, фановите беа импресионирани од уште еден неверојатен потег на словенечкиот кошаркар.

Во загревањето Дончиќ ја спушти топката, зад грб со десната нога наместо цепелин за неговиот тимски колега Двајт Пауел кој заврши со забивање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот