ВИДЕО | Дисаси си постигна комичен автогол, Челси со два гола во судиското продолжение го победи Лестер

Фото: Chelsea FC

Eкипата на Челси во судиското продолжение обезбеди победа против Лестер од 4:2 и така се пласираше помеѓу најдобрите четири во ФА Купот.

Челси дојде до предност по 13 минути игра, а десетина минути подоцна Рахим Стерлинг пропушти прилика од пенал да ја зголеми предноста. За 2:0 се погрижи одличниот Палмер, па така „сините“ имаа одлична предност на паузата.

Лестеер сепак не се откажа. Во 51. минута дефанзивецот, Челси Дисаси си постигна еден комичен автогол и Лестер ја намали предноста. Тој гол како да ги мотивираше фудбалерите на Лестер, па преку Мавидиди во 62. минута и го израмнија резултатот на 2:2.

Во последните десетина минути од натпреварот Лестер остана со играч помалку, исклучен беше Дојел. Играчката предност Челси ја искористи со два гола во судиското продолжение за победа од 4:2. Стрелци беа Чуквуемека и Мадуеке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот