ВИДЕО: Диого Жота својот гол му го посвети на Луис Дијаз

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Ливерпул продолжија со добрите игри сезонава во Премиер лигата, денеска на „Енфилд“ со 3:0 го совладаа Нотингем форест.

Играчите на Јирген Клоп во рамките од 10 коло дојдоа до триумфот со головите на Диого Жота во 31, Нуњез во 35 и Салах во 75 минута.

Португалецот Диого Жота својот гол му го посвети на својот соиграч Луис Дијаз кој не се најде во составот на „црвените“ бидејќи родителите на Колумбиецот беа киднапирани.

Во меѓувреме мајката на Дијаз е спасена од тамошната полиција, додека по таткото сè уште активно се трага.

Се одиграа уште три натпревари: Вест Хем – Евертон 0:1, Астон Вила – Лутон 3:1, Брајтон – Фулам 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот