Мајката е спасена, и натаму се трага по таткото на фудбалерот Луис Дијаз

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз минува низ тежок период во животот, исто како и неговите родители кои беа киднапирани во саботата вечерта во Колумбија.

Мајката на Дијаз е пронајдена жива и сега е на безбедно, додека потрагата по неговиот татко продолжува.

Имаше информации дека е пронајден и таткото, а киднаперите се убиени, но засега нема ништо официјално.

Според новинарот Фабрицио Романо, колумбиската полиција е подготвена да даде 200 милиони пезоси (околу 45.000 евра) на оној кој ќе даде клучни информации кои би помогнале да се спаси таткото на фудбалерот.

Поради целиот инцидент Дијаз не е во составот на Ливерпул за натпреварот од Премиер лигата против Нотингем форест.

Инаку, Луис Дијаз е во контакт со колумбиската полиција и сите се надеваат дека татко му наскоро ќе биде безбеден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот