ВИДЕО | „Џентлмени“ на дело: Ердоган и Мишел си седнаа на столиците, Фон дер Лајен остана да стои

Фото: Принтскрин

При официјалниот состанок на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел дојде до недоразбирање, кога Ердоган и Мишел си седнале на столиците, а Фон дер Лајен останала да стои.

Видеото е објавено после средбата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. На видеото јасно се гледа дека фон дер Лајен, единствената жена, мора да седи на одделно седиште, оддалечено од двајцата мажи, иако таа има ист протоколарен статус како и Шарл Мишел. На слики од претходни посети на претседатели на овие две институции кај Ердоган се гледа јасно дека сите се седнати на исто место, со ист статус.

Новинарите денеска побараа одговори од Европската Комисија зошто фон дер Лајен прифатила да биде третирана така од страна на турскиот претседател.

Нејзиниот портпарол, Ерик Мамер, истакна дека таа самата била изненадена од оваа одлука, “како што се гледа на снимката”, додаде Мамер. Сепак, за Европската Комисија е поважно да се задржи фокусот на содржината на средбата, наместо на формата.

-Средбата беше подготвена преку вообичаените канали со инволвираност на нашата делегација во Анкара, но службата за протокол на Европската Комисија не беше дел од патувањето поради Ковид-19, како што гледаме на снимката претседателката беше изненадена, но без разлика на изненаденоста, таа претпочиташе да и даде приоритет на содржината наместо на протоколот, и тоа е тоа што го очекуваат граѓаните на ЕУ, изјави денеска Ерик Мамер.

Тој потврди дека фон дер Лајен и Мишел имаат ист протоколарен статус и дека секогаш се  третирани на еднаков начин при посети во странство.

Мишел и фон дер Лајен вчера ја посетија Анкара во обид да ги рестартираат односите со Турција по бројните проблеми, како во делот со бегалците, така и со тензиите во источниот Медитеран, Грција и Кипар. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот