ВИДЕО: Десетици повредени откако паб се урна во Лондон

Фото Youtube Screenshot

Тринаесет лица се повредени откако се урна паб во источен Лондон, јавија британските медиуми.

Пожарникарите извлекле седум лица кои останале затрупани во урнатините.

Лондонската брза помош соопшти дека три лица се тешко повредени, а уште 10 се со полесни повреди, при што четворица од нив се пренесени во болници.

Една жена која беше очевидец рече дека била во барот во моментот кога била урната галеријата и помагала во расчистувањето.

„Кога видов дека галеријата се урива пред мене, бев сигурна дека ќе има мртви. За среќа, ние сме добро. Ова ме поттикна да се грижам за безбедноста на другите слични барови во областа“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот