ВИДЕО: Дебакл на МЗТ Скопје Аеродром, Партизан славеше со 53 коша разлика

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Никако да запре негативната серија на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата откако го претрпе и седмиот пораз во низа. Македонскиот шампион во српскиот главен град беше убедливо поразен од Партизан со 53 коша разлика или со конечен резултат 120:67.

Единствено на почетокот од првата четвртина водеа „металците“ (0:2, 2:4), а потоа белградските „црвено-бели“ почнаа да доминираат на паркетот и докажат зошто се големи фаворити на овој меч.

Ривалите веднаш стекнаа двоцифрена предност (21:11), а првите 10 минути на натпреварот ги добија со 29:15. Во втората четвртина само растеше негативата на играчите на Драган Николиќ, домаќинот пред паузата имаше и највисоки „плус 23“ (54:31).

Веќе се знаеше победникот, прашање беше само со колкава разлика МЗТ ќе загуби на крајот, по третата четвртина Партизан водеше со 84:51, а највисоките „плус 53“ беа поставени во самиот финиш од средбата во „Штарк“ арената.

Смаилагиќ беше прв стрелец за Партизан со 24 поени, а на спротивната страна за МЗТ Стојановски беше најефикасен со 16 поени.

Партизан се врати на првото место на табелата со 28 бодови, еден повеќе од второпласираната Црвена звезда која има меч помалку. МЗТ останува на последното 14 место со 17 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот