Видео: Дали милијарда долари вредните американски воени бази во Авганистан можат да го нарушат регионалниот баланс ?

Новата авганистанска влада може да ја предаде воздухопловната база Баграм на Кина за употреба, додека пак може да му дозволи на Пакистан да го користи аеродромот Кандахар за своите оперативни цели, објави индискиот медиум Пионер

Таквиот развој на настаните ќе има сериозни последици за Индија, стравува владата во Њу Делхи

„Користењето на авганистанската воздухопловна база Баграм ќе и даде на Кина дополнителни можности да ги спречи индиските дејствија во регионот и да ја осигури безбедноста на кинеско-пакистанскиот економски коридор (ЦПЕК)“, сметаат светските аналитичари

Од друга страна, најголемиот регионален ривал во Индија, со кој водеше неколку војни за прашањето Кашмир-Пакистан во изминатиот половина век, сега претставува уште поголема закана.

„Со овозожувањето на Пакистан да добие контрола врз авганистанската воздухопловна база во Кандахар, Исламабад ќе добие воена предност пред Индија во областа Кашмир и ќе може да ја подобри заштитата на своите капацитети во нејзиниот дел од регионот во случај на нова индо-пакистанска војна“.

Пакистанските експерти за воздухопловните сили сега ги проверуваат сите пет воздушни бази во Авганистан, вклучувајќи ги и аеродромите во Кандахар, Баграм и Кабул, како и дека кинеската делегација се состанала со врховните талибански лидери за да разговараат за безбедносните прашања, вклучително и за наводната употреба на базата Баграм во Авганистан.

Индиските медиуми објавија дека Талибанците во понеделникот потврдиле дека моќен пакистански разузнавачки командант, генерал -полковник Фаиз Хамид, се сретнал со талибанскиот духовен водач Мула Абдул Гани Барадар кој има најголемо влијание во финализирање на новата влада во Авганистан.

Шефот на пакистанската разузнавачка служба (ИСИ), генерал-потполковник Хамид, минатата недела отпатува во ненајавена посета на Кабул, и стана единствениот висок странски функционер што го посетил Кабул откако Талибанците го преземаа главниот град во средината на август.

Портпаролот на Талибанците, потврди дека шефот на ИСИ се сретнал со Мула Барадар за време на неговата посета на Кабул, и дека ја увериле владата во Исламабад дека авганистанската територија нема да се користи против Пакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот