ВИДЕО: Далас не може без Дончиќ, Сакраменто до победа во последната секунда!
Кошаркарите на Њу Орлеанс со резултат 112:103 го совладаа Далас во чии редови не настапи една од главните ѕвезди поради повреда на грбот, Лука Дончиќ.
Зајон Вилијамсон во претходната ноќ со 39 поени ја имаше најефикасната вечер во својата кариера, а веднаш во наредниот меч против Маверикси реализираше 38.
Се истакна Александер-Вокер со 20, Инграм 19, а на спротивната страна 30 коша беа дело на Хардавеј, Брансон 24, а по 13 Бурк, Клебер и Марјановиќ.
HARRISON BARNES WINS IT OFF THE FULL-COURT PASS ?
CRAZY GAME-WINNER. pic.twitter.com/CMQaOv0iNv
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) March 28, 2021
Сакраменто успеа да го совлада Кливленд, а херој на дуелот во победничките редови беше Харисон Барнс. Тој успеа во последната секунда и пред последниот звук на сирената реализираше во кошот за голема радост на неговиот тим.
Најефикасен кај Кингси беше Фокс со 36 поени (шест асистенции), а 10 помалку за Кавалирси Секстон (шест скока).
НБА, резултати:
Милвоки – Њујорк 96:102
Минесота – Хјустон 107:129
Вашингтон – Детроит 106:92
Сан Антонио – Чикаго 106:92
Њу Орлеанс – Далас 112:103
Оклахома Сити – Бостон 94:111
Јута – Мемфис 126:110
ЛА Клиперс – Филаделфија 122:112
Сакраменто – Кливленд 100:98