ВИДЕО | Д-р Јовановиќ: Илузија е Македонија да го копира австрискиот модел и стандард

Бранимир Јовановиќ / Утрински брифинг
Бранимир Јовановиќ / Утрински брифинг

Развојот на Австрија и Македонија гледано историски воопшто не е ист. Земјата на почетокот на 20 век имаше јак социјализам, така што Австрија има силно изразено левичарско социјално минато па и сегашност, а тоа може да се види и во економските политики.

-Доколку зборуваме за даноци највисоката даночна стапка во Австрија е 55 проценти, во Македонија стапката е 10 отсто или пробавме да воведеме еден прогресивен данок со 18 отсто и тоа беше дочекано на нож, вели проф. д-р Бранимир Јовановиќ за Утрински брифинг.

Во Австрија луѓето немаат проблем да го платат данокот од 55 отсто. Ако гледате колкаво е учеството на државата во економијата околу 50 отсто од вкупната економска активност во Австрија или се генерира или се деекстрибуира преку државата во Македонија тоа е 30 отсто.

-Така што воопшто Австрија не ни е добар пример така што многу подобро би било, подобра компарација би се направило доколку земјава би се компарирала со Словенија затоа што таа земја е и географски слична но и по бројот на жители, планинска држава е па дури и историски е слична затоа што беше дел од Југославија. Излезе од Југославија без конфликти и без војни, вели тој.

Јовановиќ вели дека од Австрија може да се научи дека потребна е поголема улога на државата во економијата и општеството. Стандардот на живот во Австрија е речиси три пати поголем од македонскиот.

-Во однос на економските политики кои ги најавува ВМРО ДПМНЕ можам да напоменам дека ништо не се сменило во однос на она што беше пред 15 години, повторно продолжуваат со истите поликтики, а тоа покажува пак и дека немаат идеи. Намалувањето на данокот од 10 на 8 отсто би било погубно затоа што тоа само ќе направи буџетска дупка, вели за УБ проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот