ВИДЕО: Црвена звезда славеше во 166 лигашко дерби против Партизан

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалерите на Црвена звезда го пречекаа Партизан, во 166. првенствено вечно дерби во Србија, кое без сомнение е едно од најинтересните во регионот.

Партизан на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград пристигна со пет бода предност и имаше можност да направи решавачки исчекор кон титулата, која ја чека од 2017 година.

„Црвено-белите“ сега ја намалат разликата на табелата во однос на „црно-белите“ на само два бода и се врати во шампионската трка.

Стрелци на головите во победата беа Охи во 29. и Катаи во 42. минута од средбата.

Во 86 минута Партизан остана и со еден играч помалку, односно во 86 минута поради два жолти картони теренот предвреме мораше да го напушти Здјелар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот