ВИДЕО | Црвена Звезда нема да игра во плеј-офот, но го победи лидерот во Евролигата

Фото: КК Црвена Звезда

Црвена Звезда иако ги загуби шансите за пласман во плеј-офот минатата недела вечерва го солвада лидерот во Евролигата, тимот на Олимпијакос. Грчкиот гигант во Белград беше совладан со 87:79.

За црвено-белите овој натпревар немаше преголемо значење, додека Олимпијакос со победа имаше прилика да го обезбеди првото место, но сепак не успеа во тоа.

Одиграа максималнмо мотивирано кошаркарите на српскиот тим и вторпат сезонава го совладаа Олимпијакос.

Најрасположен во редовите на ѕвезда беше Факундо Кампацо кој постигна 20 поени, по 12 постигнаа Петрушев и Вилдоза. Во редовите на Олимпијакос Везенков го заврши натпреварот со 16 поени и осум скока.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Жалгирис го совлада Макаби со 68:67.

ВИДЕО | Aнтиќ во Белград го гледа натпреварот на своите два поранешни клуба, доби овации од трибините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот