ВИДЕО: Челси пред новите сопственици остана без победа во 97 минута

Лондонските „сини“ ремизираа против Вулверхемптон/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Челси и Вулверхемптон одиграа денеска нерешено со резултат 2:2, во натпреварот од 36 коло во Премиер лигата.

Во денот кога добија нови сопственици, лондонските „сини“ со головите на Лукаку во 56 минута од пенал и во 58 минута водеа со 2:0 до завршницата од мечот.

Во самиот финиш Вулверхемптон го избегна поразот, најпрвин намали во 79 минута со голот на Тринкао, а во 97 минута Коуди донесе бод.

Челси е трет на табелата со 67 бодови, додека Вулверхемптон е осмопласиран со 50 освоени бодови.

На другите денешни мечеви: Брентфорд – Саутемптон 3:0, Барнли – Астон Вила 1:3 и Кристал Палас – Ватфорд 1:0.

Челси има нови сопственици, Абрамович го продаде лондонскиот клуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот