Челси има нови сопственици, Абрамович го продаде лондонскиот клуб

Роман Абрамович, екс газдата на лондонски Челси/Фото: EPA/ANDY RAIN

Лондонскиот клуб потврди дека е постигнат договор со американскиот конзорциум предводен од Тод Боли, Клирлејк Капитал, Марк Болтер и Хансјорг Вајс.

И официјално, рускиот милијардер Роман Абрамович го продаде англискиот фудбалски гигант Челси за 2,9 милијарди евра!

– Од вкупната направена инвестиција, 2,9 милијарди евра ќе бидат искористени за купување акции во клубот и тој приход ќе биде депониран на замрзната банкарска сметка во Велика Британија со намера 100% да се донира во добротворни цели – соопштија од Челси.

Да потсетиме, Абрамович лично побарал парите од продажбата на клубот да бидат донирани во хуманитарни цели.

– За пренос на приходот од замрзнатата банкарска сметка ќе биде потребно одобрение од владата на Обединетото Кралство – се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува дека новите сопственици ќе треба да вложат околу два милијарди евра во клубот.

– Новите сопственици ќе инвестираат 1,75 милијарди фунти во понатамошни инвестиции во корист на Челси. Ова ги вклучува инвестициите во стадионот „Стемфорд Бриџ“, Академијата, женскиот тим и Кингсмедов и континуирано финансирање на Фондацијата Челси – се додава во соопштението.

Кој е новиот сопственик на лондонските „сини“?

Тод Боли е американски милијардер кој води група нови сопственици на лондонскиот клуб. Боли е еден од косопствениците на Лос Анџелес лејкерс (кошарка) и Лос Анџелес џоерс (бејзбол).

Да потсетиме, Абрамович беше принуден да го напушти клубот поради санкциите што му беа воведени од британската влада по руската агресија врз Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот