ВИДЕО | Целиот свет „полуде“ по овој рецепт: Компир пита од тава што Италијанците ја обожаваат

Фото: PRINTSCREEN/YT/ RICETTE FRESCHE

Италијанците го обожаваат овој рецепт за компир пита од тава, бидејќи се подготвува неверојатно едноставно, а вкусот е неискажлив – едноставно мора да ја пробате.

Овој специјалитет уште го нарекуваат и „здробен компир“, а секој што го пробал досега, се одушевил. Сигурни сме дека овој деликатес ќе стане ваша омилен појадок или вечера.

Состојки:

– 500 г компири
– 150 г брашно
– 1 јајце
– сол, бибер
– маслиново масло
– 100 г шунка
– 100 г кашкавал

Подготовка:

Компирите сварете ги со лушпата, па излупете ги и издробете ги. Во садот со компирите, додајте сол, бибер, јајце и брашно и замесете мазно тесто.

Во тава ставете маслиново масло, па половина од тестото развлечете на дното на тавата. Потоа, одозгора наредете шунка, кашкавал, па повторно шунка и на врвот развлечете го остатокот од тестото.

Печете околу 5 минути од едната страна и уште 5 минути од другата, на тивок оган.
Задолжително сервирајте ја компир питата додека е топла, бидејќи тогаш вкусот ѝ е најдобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот