ВИДЕО | Бура од емоции: Слушнете ја „Ненормален“, новата љубовна балада на Владо Јаневски

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Скопскиот романтичар Владо Јаневски објави нова песна, романтичната балада насловена „Ненормален“. Истовремено, со оваа нумера Јаневски го најавува новиот албум што ќе се појави следниот месец во издание на „Кроација рекордс“.

И овој пат, бура од емоции се внесени во новата љубовна балада на познатиот пејач.

Во песната се проткајува романтичната, сетна нота по која е познат Јаневски, но воедно нумерата носи и еден нов, модерен призвук.

Аранжманот на новата песна е на Никша Братош и Валентино Скендеровски, а песната е снимана во Скопје и во Загреб, како и целокупниот материјал на новиот албум кој е работен на релација Скопје-Загреб.

„Ненормален“ на Владо Јаневски сигурно ќе стане хит како и сите други негови песни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот