ВИДЕО | Бритни Спирс повторно загрижува: Изведе опасен танц со ножеви во раце

Американската пејачка Бритни Спирс (41) повторно ги загрижи своите обожаватели со новата објава на социјалните медиуми. Имено, таа објави две нови снимки, на кои танцува во својот препознатлив стил, но овој пат со големи кујнски ножеви во рацете.
Во видеата, кои го сподели со своите 42 милиони следбеници на Инстаграм, таа е облечена во портокалова блуза со бели точки и бел долен ден од костим за капење.
„Денеска почнав да играм со ножеви во кујната. Не грижете се, тоа не се вистински ножеви! Се ближи Ноќта на вештерките“, предупреди таа во описот на објавата.
Иако ја има исклучено можноста за коментирање на објавата, Бритни Спирс доби повеќе од 150 илјади допаѓања од нејзините обожаватели за овој опасен танц.
Како потсетување, долгоочекуваните мемоари на Бритни Спирс, со наслов „The Woman in Me“, ќе бидат објавени на 24 октомври. Во најавата за оваа биографска книга стои дека е „храбра и неверојатно потресна приказна за слободата, славата, мајчинството, опстанокот, верата и надежта“.
Исто така, пејачката е актуелна во медиумите поради нејзиниот развод од 29-годишниот Сем Асгари, со кого беше во брак една година, а љубовната врска ја започнаа во 2016 година.
ВИДЕО | Бритни Спирс објави провокативни видеа, „пријател“ ѝ ја лиже ногата