ВИДЕО: Брестовац ја освои шампионската титула во Саудиска Арабија

брестовац
Данило Брестовац го раскина договорот со Ал Мадар/Фото: instagram.com/sahfksa/

Поранешниот македонски селектор Данило Брестовац со екипата на Мадар стана шампион на Саудиска Арабија.

Нашиот тренер кој како тренер го води клубот во крајно неизвесна сезона успеа да се искачи на врвот.

Имаше идентичен број на бодови како и Ал Калеј, иако со подобра гол-разлика, на крајот пресуди мајсторката која ја доби Мадар со 26:24.

Ова е втор трофеј на Брестовац со екипата, претходно се закити и со трофејот во Суперкупот.

Вкупно четврта титула во историјата на тимот, а сега нашиот стратег ќе се обиде да дојде и до титулата во националниот Куп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот