ВИДЕО: Бостон во финишот непријатно го изненади Голден стејт

Бостон стекна водство во финалната НБА серија против Голден стејт/Сан Франциско, Калифорнија, САД/2 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Бостон го совладаа тимот на Голден Стејт во првиот натпревар од НБА финалето по пресврт со резултат 120:108.

За Вориорси недоволна беше одличната партија на првата ѕвезда Стеф Кари кој запиша 34 поени, и по пет скока и асистенции.

Кари постигна шест тројки во првата четвртина, најмногу тројки во една четвртина во историјата на НБА лигата.

На спротивната страна за Селтикси доминираше интернационалецот од Доминиканската Република, Ал Хорфорд со 26 поени и шест скока.

Следниот втор меч од финалната серија ќе се игра во ноќта меѓу недела и понеделник, а повторно Голден стејт ќе биде домаќин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот