ВИДЕО: Бостон ја запиша деветтата победа во низа во НБА

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Кошаркарите на Бостон го победија Торонто со 106:104 и ја постигнаа деветтата последователна победа во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА.

Лидерите на Истокот до победата ги предводеа Џејлен Браун со 27 и Грант Вилијамс со 25, додека Малком Брогдон додаде 23 поени.

Во поразениот тим кај Репторси најдобар беше Паскал Сијакам со 29 поени, девет скока и 10 асистенции.

За Торонто ова е трет пораз во низа и моментно се наоѓа на последното 12 место во Источната конференција.

НБА лига, резултати

Торонто репторс – Бостон селтикс 104:106
Вашингтон визардс – Орландо меџик 138:118
Атланта хокс – Шарлот хорнетс 118:122
Кливленд кавалирс – Милвоки бакс 114:102
Минесота тимбервулвс – Хјустон рокетс 113:104
Феникс санс – Индијана пејсерс 112:107
Сакраменто кингс – Филаделфија сиксерс 127:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот