ВИДЕО | Борко Ристовски со жестоки обвинувања кон Перо Антиќ

Фото: : EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI (Borko) - КФМ (Antic)

Во јавноста веќе добро познато е дека односот помеѓу поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски и актуелниот прв човек на кошаркарската федерација, Перо Антиќ е нарушен, двајцата имаа спротиставени ставови за одредени работи.

Сега, Борко гостуваше во подакстот на „Бомбакис“ на неговиот „Јутуб канал“ каде во еден дел од разговорот изнесе жестоки обвинувања кон првиот човек на македонската кошарка кој неодамна доби нов мандат.

Борко кон крајот на разговорот беше запрашан за ситуација во која избегнал да се поздрави со Антиќ, а зборувајќи на таа тема изнесе обвинувања кон претседателот на кошаркарската федерација, велејќи користи  „бела прашкаста материја“.

„Се слушаат работи низ град, за приватно што ги прави. Излага пие, користи „бели прашкасти материи“. Тоа е право на избор, но ти си претседател на Кошаркарска федерација, можеш да се тргнеш, па да правиш што сака, додека си таму имаш одговорност…“, зборува Борко.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот