ВИДЕО: Борисов повикан на распит во полиција, да објасни од каде му се златните прачки дома

Фото: Бојко Борисов/Фејсбук/принтскрин

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, денеска е повикан на распит во Генералниот директорат на Националната полиција, објави телевизијата НОВА.

Според Борисов, тој телефонски бил повикан на распит, а повикот бил направен за да се каже дека бил повикан.

На новинарско прашање за што станало збор, Борисов рече: „За тоа како успеав да ја задржам најниската цена на бензинот со години“, „Како успеавме да ја задржиме цената на струјата на најниско ниво со години, како најдобро поминавме во Европа со миграцијата“, рече Борисов. „Никогаш не сум поседувал ниту сум купувал златни прачки“, додаде тој.

Според бугарските медиуми, Борисов бил повикан за да се проверат информациите кои ги објави Граѓанското движење БОЕЦ, откако се појавија фотографии од пари и златни прачки, наводно направени додека Борисов ја користел владината резиденција во Бојана.

„Е, така, да се знае дека Борисов е повикан на распит“, изјави лидерот на ГЕРБ откако излезе од распитот, а излегувањето го пренесуваше во живо на Фејсбук.

„Не поседував шипки, не купив, не поседував ништо… Сите нѐ повикаа на распит преку телефон. Додека не паднат, нека биде“, рече поранешниот премиер.

На распит денеска е повикана и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова, како и нејзиниот сопруг.

Бојко Борисов беше сослушан и во јули минатата година, околу информациите за случаи од пред речиси десет години.

Министерот за внатрешни работи Бојко Рашков го потврди распитот на Борисов во полиција и во Народното собрание изјави:

„Конечно, овој човек мора да дојде на распит за да каже дали има или нема евра, купчиња со пари во неговата спална соба. Има или нема, или имало или немало златни прачки во неговиот шкафче. Нема доверба во нашето обвинителство и го прекина увидот, добро се сеќавате. Сега ќе се обидеме да ги доведеме работите, истрагата докрај, па мислам дека оваа личност треба да биде толку љубезна да соработува со истражните органи, да ја најде Мата Хари, да ја испрашува законски и преку неа да разјасни дали е тоа вистина или не е вистина“, рече првиот бугарски полицаец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот