ВИДЕО | Бора Чорба се присети: За малку ќе настрадавме на концерт од пиротехниката, бината се навали надолу

Фото: Промо

Српскиот рок бенд „Рибља Чорба“ имал непријатна случка на еден настап Бар во Црна Гора, кога сцената почнала да се навалува надолу, заедно со инструментите. На оваа случка се сети фронтменот на бендот, Бора Ѓорѓевиќ во гостувањето во емисијата „Еден на еден“.

– Сцената почна да се навалува заедно со инструментите, и ние сосе нив почнавме да одиме полека надолу. На нас пиротехниката ни ја работеше Дуле Пирос, кој ја работеше и пиротехниката за филмот „Неретва“, па секогаш некој страдаше од неговата пиротехника затоа што ставаше премногу пиротехнички средства“, се присети Бора.

Целата емиисја со сите интересни приказни на српскиот рокер (првиот дел од разговорот) е сега достапна на јутјуб каналот на „Еден на еден“ на следниот линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот