ВИДЕО | Бора Чорба: Моето време поминува, среќа што нема да ја фатам вештачката интелегенција

Фото: Промо

Бора Ѓорѓевиќ попознат како Бора Чорба, со својот бенд „Рибља Чорба“ е 45 години на сцената, а на крајот од минатата година, одржаа концерт во Скопје.

Според Бора, денешниот начин на живот не е здрав, за разлика од неговото време и неговата младост. Српскиот рокер ова детално го образложи и се сети на своето детство во емисијата „Еден на Еден“, која ќе ја гледаме в недела, од 18.30 на Канал 5.

– Модерното време за мене е катастрофа. Јас не знам дали денешните деца знаат вистински да се забавуваат, да излезат во парк, да фатат девојка за рака. Јас сум среќен што моето време поминува и нема да го фатам тоа време на вештачка интелегенција и вештачки луѓе. Традиционалните вредности, верата, нацијата, семејството, сето тоа изумира и сето тоа го наметнива новиот светски поредок. Денешниве деца, кога тргнуваат во прво одделение веднаш размислуваат: „Колку ќе заработам кога ќе завршам?“ – рекол Бора и се сети на своето детство во Чачак каде што е роден и израснат.

– Станот каде што живеевме ни беше на влезот на Градскиот парк. Имавме гитари, свиревме, во паркот имавме проби, секој имаше своја клупа. Потоа дојдоа и други бендови, па сите свиревме заедно – рекол Бора. Во видеото во продолжение, погледнете мал дел од интересните приказни на Бора Чорба во „Еден на Еден“.

 

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот