ВИДЕО: Белингем казнет со 40.000 евра поради изјава по мечот Дортмунд – Баерн!

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд беше незадоволен од судењето на дербито со Баерн/ фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем не беше задоволен од судењето во германското дерби помеѓу неговиот клуб и Баерн Минхен.

После одигрувањето на дуелот кој заврши со победа на баварскиот гигант од 2:3, Белингем имаше изјава околу судењето на оваа средба.

Судијата Феликс Цвајер не досуди пенал за Дортмунд, а во финишот покажа на белата точка за Баерн, прецизен беше Роберт Левандовски кој ја обезбеди победата.

Поради таа изјава играчот на „милионерите“, првите луѓе на германскиот фудбал ја оценија како неспортска и одлучија англискиот репрезентативец да добие парична казна од 40.000 евра.

– Кога на судија, кој беше претходно осуден за местење натпревари, му го давате најголемиот меч во Германија, што да се очекува – беа зборовите на Белингем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот