ВИДЕО: Барса славеше во Билбао за плус девет пред Ел Класико

фото: EPA-EFE/Javier Zorrilla

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик Билбао на гости со 1:0, во 25 коло од најквалитетната шпанска лига. Победата на Каталонците ја донесе Рафиња во судиското надополнување на првото полувреме, на асистенција на Серхио Бускетс.

На крајот од натпреварот Билбао го израмни резултатот на 1:1 преку Ињаки Вилијамс, но по долгата проверка на ВАР, судијата го поништи голот поради играње со рака.

Барса е на лидерската позиција во шампионатот со 65 бодови, пред Реал Мадрид кој има 56, додека Атлетик Билбао е деветти со 33.

Во следното коло Барселона на домашен терен ќе игра против Реал Мадрид на 19 март на „Камп Ноу“, во дуел кој може да го одреди понатамошниот тек на првенството, додека Билбао следната недела ќе гостува кај Ваљадолид.

Во неделата се одиграа уште три мечеви во „Ла Лига“: Мајорка – Реал Сосиедад 1:1, Севиља – Алмерија 2:1, Виљареал – Бетис 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот