ВИДЕО | Барди стрелец во победата на Трабзонспор

Фото: Trabzonspor

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди беше стрелец во победата на Трабзонспор против Хатајспор од 2:0 во 25. коло од турскиот шампионат.

Трабзонспор успеа да ја прекине серијата од четири порази во Суперлигата. Првиот гол беше дело на Трезеге во 49. минута, додека македонскиот репрезентативец во листата на стрелци се запиша на 15-тина минути пред крајот.

Во овој момент Трабзон се наоѓа на третат позиција со 40 бодови и до крајот на сезоната ги чека битка за пласман на позициите кои водат во еврокуповите. Барди сезонава постигна три гола и подели четири асистенции во турскиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот