ВИДЕО: Барди и Леванте со важни бодови во шпанската „Ла Лига“

Леванте води борба за опстанок во шпанската фудбалска елита/Валенсија, Шпанија/25 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/Kai Foersterling

Денеска во рамките од 26 коло во најквалитетната шпанска лига составот на Леванте славеше на домашен терен против Елче со убедливи 3:0.

Во првото полувреме стрелец на водечкиот погодок беше Моралес во 37 минута, асистентот на тој погодок де Фрутос во 67 минута ја зголеми предноста, а конечниот епилог во 90 минута го постав Мелеро.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 76 минута како замена за де Фрутос. При резултат 2:0 кај гостите црвен картон доби Гумбау.

Леванте и натаму останува последен со 18 бодови, но тоа што ги радува навивачите во Валенсија е што веќе трет меч по ред нивната екипа не знае за пораз, има учинок од две победи и едно реми.

Заостануваат само шест бодови од Гранада (еден меч помалку) која е во безбедната зона, а Елче е на 13 место со 29.

Леванте и Барди во следното коло на 7 март ќе му гостуваат на Атлетик Билбао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот