ВИДЕО: Баерн силен и со играч помалку, хет-трик на Левандовски

Полјакот пред својата 35 година сака да има уште еден голем предизвик/Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI/BT

Денеска Баерн Минхен убедливо на домашен терен со 4:0 го совлада Штутгарт на „Алијанц“ Арената во рамките од 26 коло во Бундеслигата.

Сите дилеми околу победникот беа познати уште по првото полувреме кога Левандовски реализираше хет-трик, а еден погодок беше дело на Гнабри кај баварскиот гигант.

Интересно е фактот што од 12 минута при резултат 0:0 кај домаќините црвен картон доби Дејвис, но и покрај тоа составот на Ханс Флик го покажа квалитетот и со играч помалку ја оправда фаворитската улога. Кај гостите во тимот не беше младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов.

Во другите средби од лигашката рунда: Ајнтрахт Франкфурт-Унион Берлин 5:2, Келн-Борусија Дортмунд 2:2 и Вердер Бремен-Волфсбург 1:2.

Табела: Баерн Минхен 61 бод, Лајпциг 57, Волфсбург 51, Ајнтрахт Франкфурт 47, Борусија Дортмунд 43, Баер Леверкузен 40…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот