ВИДЕО: Баерн Минхен се мачеше, Гнабри за прва радост на шампионите

Полјакот Левандовски од почетокот на сезоната 2019/20 има вкупно 112 голови/Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

После ремито на стартот со Борусија Менхенгладбах, актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен ја оствари првата победа сезонава со 3:2 над Келн.

Потешко од очекувањата играчите на тренерот Нагелсман дојдоа до бодовите, на „Алијанц Арената“ мируваа мрежите на двете страни.

Левандовски и Гнабри се погрижија за позитива на баварскиот гигант, но радоста на домаќините траеше краток бидејќи за период од 120 секунди брзо израмнија гостите со погодоците на Модесте и Ут.

Во 71 минута Гнабри ја донесе првата победа на Баерн во шампионатот, за него ова е веќе трет гол сезонава, првиот го имаше во Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд.

Претходно се одигра уште еден меч, Хофенхајм ремизираше 2:2 против екипата на Унион Берлин.

На табелата по две кола води Волфсбург со максимални шест бодови, по четири имаат Хофенхајм, Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Фрајбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот