ВИДЕО: Аталанта без среќа во Лисабон, стативата три пати го спасуваше Спортинг

фото: EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во Лисабон со 1:1, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

Екипата на Гасперини во Бергамо се враќа со поволен резултат, иако домаќинот беше тој кој ја имаше предноста на овој меч во Португалија.

Спортинг до погодок дојде во 17 минута, кога Паулињо искористи одличен пас на Тринкао и го совлада Мусо за 1:0.

Пред заминување на одмор, Италијанците успеаја да дојде до израмнување и тоа преку Скамака кој реализираше по асистенцијата на Миранчук.

Аталанта можеше на крајот и да дојде до победата, но среќата не беше на нејзина страна откако три пати ја погоди противничката статива. Аталанта успеа да дојде до нов гол во 85 минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот