ВИДЕО | Aрсенал во драматичен натпревар со седум гола го победи Лутон

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Tимот на Арсенал во натпревар со седум гола успеа да го победи Лутон со 4:3 во Премиер лигата.

Интересно е што ова е прва победа на „топџиите“ на гости кај овој ривал по пауза од 30 години и до него дојде во седмата минута од судиското продолжение. Хрој на Арсенал беше Даклан Рајс кој на одличен начин го искористи нафрлувањето од Одегард.

Арсенал претходно двапати водеше со головите на Мартинели и Габриел Жесус, Лутон преку Ошо и Адебајо, а во 57. Минута и поведе кога стрелаше Баркли. Изедначување за Арсенал пред победничкиот гол во завршницата донесе Хаверц.

Треба да се истакне дека за Арсенал ова е четврта победа сезонава со гол во последните минути. Против Јунајтед погодуваа во 96. и 101. минута, против Сити во 86. и против Брентфорд во 89. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот