ВИДЕО: Аријан Адеми со прекрасен гол во кинеската Супер лига за триумф на Пекинг Гуан

фото: fcguoan.com

Во седмото коло од најквалитетната фудбалска лига во Кина екипата на Пекинг Гуан славеше на домашен терен со 1:0 над Нантонг Жијун.

Победата ја донесе македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој постигна еден фантастичен гол во 23 минута на „Воркерс“ стадионот во Пекинг.

За нашиот фудбалер, кој играше до 72 минута од средбата, ова беше прв гол во кинеската Супер лига во седмиот настап.

После втората победа сезонава Пекинг Гуан е на седмата позиција со 10 бодови, седум помалку од водечките Шангај Порт и Шангај Шенхуа.

Во следното коло тимот на Адеми на 19 мај ќе му гостува на составот на Шангај Шенхуа кој во оваа рунда ремизираше 1:1 пред своите навивачи со Вухан Три Таунс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот