ВИДЕО | Андоновиќ: Протести во Подгорица против обидите за уривање на владата на Кривокапиќ – малцинска влада или вонредни избори?

Здравко Кривокапиќ
Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во Подгорица и синоќа се одржаа протести против најавата за гласање недоверба на актуелната влада и евентуалното формирање малцинска влада. На протестот присуствуваа и неколку министри во владата.

Во Црна Гора, единаесет дена по ред, протестираат приврзаниците на партиите на Србите во Црна Гора кои по минатогодишните парламентарни избори го поддржаа мандатарот Здравко Кривокапиќ и успеаја да го урнат неколкудецениското владеење на ДПС на актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ.

Коалиционата влада на Кривокапиќ во моментов се соочува со обид на неколку помали партии во владината коалиција предводена од потпретседателот Дритан Абазовиќ да издејствува оставка и формирање малцинска влада чиј мандатар би бил токму Абазовиќ. Како образложение за распуштање на владиниот кабинет на Кривокапиќ е неговата немоќ да воспостави подобра соработка и функционирање на релација законодавна и извршна власт. Поради овој став, Кривокапиќ го разреши Абазовиќ од неколку функции и побара негова оставка од вицепремиерското место, што беше и главната причина за политичката криза во Црна Гора.

Од друга страна, приврзаниците на Кривокапиќ сметаат дека Абазовиќ сака преку малцинската влада да ја врати на власт ДПС на Мило Ѓукановиќ без притоа, како што велат, за тоа да дадат поддршка црногорските граѓани. И самиот црногорски претседател Ѓукановиќ изјави дека во четврток црногорското собрание ќе изгласа недоверба на владата на Кривокапиќ и, како што изјави, Кривокапиќ ќе биде ставен во политичко минато.

Партијата на Србите во Црна Гора и поддржувачи на Кривокапиќ бараат останување на актуелната влада или вонредни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот