ВИДЕО | Андоновиќ: Гаф или неуспешен обид на Макрон да го преземе глобалното лидерство за поддршка на Украина?

Анализа со Андоновиќ / Фото Слободен печат

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да го преземе глобалното лидерство во западната помош за Украина и да ја зголеми намалената поддршка за Киев.

Во овој обид тој наидува на отпор од француските политичари, пишува Политико.

Со руското потиснување на украинските сили на бојното поле и неизвесноста околу натамошната западна воена помош, Макрон порача дека иднината на Европа е во прашање и рече дека не треба да се исклучи можноста во блиска иднина европските нации да испратат војници во Украина.

Москва експресно одговори на оваа најава на Макрон потсетувајќи го дека секоја воена сила од западните земји која ќе се најде во Украина ќе се смета за непријател на Русија која ќе делува со примена на воени средства.

Ситуацијата на фронтот за украинскиот претседател Володимир Зеленски е монструозна и катастрофална, а изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за испраќање војска во Украина нема да им помогне, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Луѓето според Захарова сфаќаат дека се изневерени и измамени. И во овој контекст, потребна е некаква светла, од нивна гледна точка, моќна изјава, која некако би ги инспирирала припадниците на вооружените сили на Украина, и украинските граѓани кои се принудени да бидат жртви, дека ќе им помогнат во странство“, вели Захарова додавајќи дека Украина нема да се спаси ниту со минимизирање на загубите, ниту со самопофалбите“.

Ден по средбата на лидерите на 25-те членки на НАТО и ЕУ на самитот на кој се разговараше за тоа дали одредени членки на НАТО пактот ќе испратат војска во Украина, генералниот секретар на НАТО пактот, Јенс Столтенберг, зборуваше и стави крај на плановите на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Сојузниците на НАТО и даваат поддршка без преседан на Украина. Тоа го правиме од 2014 година и ја засиливме поддршката од целосната инвазија. Но, нема планови за борбени трупи на НАТО на теренот во Украина“, рече Столтенберг.

Дека нема ништо лошо во испраќањето војници на НАТО потврди и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„НАТО и европските земји нема да ги испратат своите копнени сили во Украина“ и со тоа директно се конфронтираше со Емануел Макрон.

Против испраќањето војници од членките на НАТО се изјасни и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, кој рече дека „Грција е против испраќање војници во Украина“.

Изјавата на Макрон веќе беше критикувана од француската опозиција.

Водачот на екстремно десничарскиот национален митинг Марин Ле Пен оцени дека Макрон се поигрува со животите на француските деца.

Лидерот на крајната левица Жан-Лук Меланшон изјави дека спротивставувањето на нуклеарните сили претставува, како што го нарече, „лудило“.

Социјалистичката партија и конзервативните републиканци исто така ја осудија изјавата на Макрон. Според анкетите, центристичката либерална партија Преродба на Макрон во моментов има многу помала поддршка од граѓаните во споредба со екстремната левица и крајната десница пред европските избори во јуни.

Настојувањата на Макрон да обезбеди поголема помош за Украина не е во согласност ниту со преовладувачкиот став на француските граѓани.

Неодамнешните анкети покажуваат дека само 50 отсто од Французите поддржуваат испраќање помош за Украина за вооружување на Украина.

Според анкетите, само 62 отсто од Французите ги поддржуваат санкциите против Русија, во споредба со 72 отсто на почетокот на војната.

Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне изјави во вторникот дека француските трупи би можеле да имаат неборбена улога во Украина и можат да помогнат во деминирањето, сајбер одбраната и производството на оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот