ВИДЕО | Андоновиќ: Oбид за силување или политичка пресметка?

Реномираниот српски актер Бранислав Лечиќ се најде во фокусот на скандал во кој е обвинет за силување, Ова обвинување е обелоденето откако во јавноста излезе неговата помлада и помалку позната колешка Даниела Штајнфелд, која го обвини Лечиќ дека пред неколку години насилно ја принудил на сексуален чин Штајнфелд која повеќе години живее во Њујорк изјави дека Лечиќ, кого го сметала како пријател, по заеднички одржаната престава во Театарот каде работеле, во спротивност од нејзината волја, ја однел во една куќа надвор од Белград и ја силувал.

Таа играла голем број на улоги заедно со Лечиќ, и го сметала за пријател, што, како што обвини таа, било злоупотребено од страна на српскиот актер. Таа изјави дека изминатите години се срамела да признае дека е силувана бидејќи била свесна дека јавно ќе биде осудена од јавноста. Особено бидејќи се работи за големо актерско име како што е Лекиќ, кој воедно има и политичка кариера, па затоа и се мислела дали и кога да ја обелодени оваа афера и скандал. Таа пред три дена се врати од Њујорк за да ја обелодени оваа афера, а како што изјави, била охрабрена од големиот број на свои колешки кои јавно проговорија за идентичниот скандал кој пред неколку месеци излезе во јавноста, откако беше обелоденето дека прославениот српски учител по глума Мика Алексиќ наводно во своето актерско училиште за деца, извршил бројни силувања. Тогаш неколку од силуваните актерки јавно проговорија дека се жртви, заради што Алексиќ во моментов се наоѓа во притвор и е под истрага. Самиот Лечиќ ги отфрли обвинувањата и изјави дека очекува судски повик каде ќе ја докаже својата невиност Новиот скандал околу обвинувањата кон Лечиќ ја подели актерската фела во Србија. И жртвите на Алексиќ како и жртвата на Лечиќ, актерката Даниела Штајнфелд добија поддршка од дел на српското општество пред се од од неколку актерски имиња кои најавија дека во иднина ќе бојкотираат театарски претстави и филмови каде глуми Лечиќ.

Од друга страна голем дел од неговите колеги со неверување гледаат на овие наводи, особено што се работи за врвен српски актер. Повеќето сметаат дека Лечиќ не е силувачот, туку дека можеби се работи за обид, помлада актерка да ја привлече јавноста и врз овој негативен публицитет да добие популарност.

Не се исклучува и опцијата дека се работи за политичка пресметка со Лечиќ. Лекиќ во моментов е предводник на една од фракциите во опозиционата Демократска партија на ликвидираниот Зоран Џинѓиќ, која се бори за освојување на лидерската позиција на партијата. Оттаму не се исклучува дека можеби оваа афера е конструирана од некој од неговите партиски или политички опоненти за негово целосно политичко дискфалификување и деинсталирање од српската политика. Лечиќ како поранешен министер за култура во владата на убиениот Зоран Ѓингиќ уживаше голема доверба и блискост со Ѓингиќ, поради што и денеска има голем број на приврзаници во редовите на ослабнатата Демократска партија на Србија.

Покрај актерството, Лечиќ е запаметен и по бројните жестоки јавни говори на масовните демонстрации за време на рушењето на режимот на Слободан Милошевиќ, по кои уследија и настаните на 5 октомври 2000 година кога преку улични демонстрации во Србија дојде на власт Демократската опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот