ВИДЕО | Американски полицаец застрела момче кое го повикало плашејќи се дека неговиот татко ќе ја нападне мајка му

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Локалните власти објавија снимка од камера на телото на полицаец кој застрелал 11-годишно момче во Мисисипи. На видеото се гледа како Грег Каперс, полицаец од Индијанола, пристигнува во домот на 11-годишниот Адериен Мари минатиот мај, откако момчето повикало полиција бидејќи неговиот татко ѝ се заканувал на мајка му.

Прикажан е и моментот кога Каперси го застрелал невооруженото момче во градите, во моментот кога момчето влегло во собата и ги кренало рацете. Момчето преживеало, но се здобило со сериозни повреди и морало да оди на скапа терапија, пишува Ројтерс.

Во декември полицаецот бил ослободен на суд бидејќи поротата заклучи дека немал криминална намера кога пукал во момчето.

Родителите на момчето поднеле и граѓанска тужба против полицаецот, градот Индијанола и началникот на полицијата. Тие бараат отштета од пет милиони долари за „непромисленото непочитување“ на правата и безбедноста на семејството Мари од страна на Каперс.

Властите им дозволија на мајката на момчето и нејзиниот адвокат да ги видат снимките, но им беше забрането да го објават видеото јавно.

„Градот Индијанола напорно се бореше да го спречи објавувањето на снимката од камерата на телото на полицаецот Грег Кејперс на која тој пука во мојот невооружен клиент. Претпоставувам дека заборавиле дека истрагата е завршена и медиумите сега можат да пристапат до снимката“, напиша адвокатот Карлос Мур.

Тој му најави на Јавното обвинителство во Мисисипи дека нема да презема никакви дополнителни кривични дејствија во врска со овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот