ВИДЕО | Aлкараз со сигурна победа го стартуваше Вимблдон

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз како и Новак Ѓоковиќ вчера, сигурно го стартуваше Вимблдон и со 3:0 во сетови го декласираше Жереми Шарди (6:0, 6:2 и 7:5).

Алкараз доминираше во првиот сет кој го освои со убедливи 6:0, а со таквата игра продолжи и во вториот сет кога на противничкиот тенисер му дозволи да освои само два гема.

Најголем отпор францускиот тенисер даде во третиот кога успеа да направи и брејк со кој поведе со 4:2, но Шпанецот не дозволи Шарди да се понадева на некакво изненадување и со 7:5 го освои сетот за победа.

Во следното коло, актуелниот рекет број еден ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Александар Милер и Артур Риндеркнеш.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот