ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ со шампионски старт во одбраната на трофејот на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Педро Качин се обиде со сè што можеше за да ја тестира формата на Новак Ѓоковиќ на стартот од оваа сезона на грен слем турнирот „Вимблдон“.

Доколку немаше пауза од повеќе од еден час поради дождот, Аргентинецот ќе го паметеше своето деби на лондонската трева по тоа што беше дел од воведната епизода на седумкратниот шампион на „Вимблдон“ во неговата потрага по историската титула – 3:0 (6:3, 6:3, 7:6).

Ова беше 29 победа по ред за српскиот тенисер на „Вимблдон“.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против 70 играч на светот Џордан Томпсон од Австралија кој со 3:2 во сетови го елиминираше Јапонецот Брендон Накашима.

Пласман во следната фаза обезбеди и седмиот носител на турнирот, Русинот Андреј Рубљов кој со 6:3, 7:5 и 6:4 го совлада Макс Пурсел (Австралија).

Полјакот Хурберт Хуркач од Полска убедливо со 3:0 триумфираше над Шпанецот Алберт Рамос-Винолас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот