ВИДЕО: Алиоски со гол и асистенција ја започна 2022 година

алиоски
фото: instagram.com/alahliclub.sa

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ја стартуваше новата година со подобрување на својата статистика сезонава во дресот на Ал-Ахли.

Во шампионатот на Саудиска Арабија неговата екипа на домашен терен загуби од Ал-Шабаб со резултат 3:4 (2:2).

Во текот на првото полувреме во 39 минута нашиот играч од корнер асистираше до Асири за намалување на негативата на 1:2.

А непосредно пред паузата Алиоски израмни на 2:2, односно беше прецизен од белата точка, за негов четврти гол оваа сезона во 14 настап за тимот.

Продолжува резултатската криза во редовите на Ал-Ахли (четврти пораз во низа) за моментно 12 место со 15 бодови.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот