ВИДЕО: Алиоски доби стоечки овации во последниот меч за Ал Ахли

фото: instagram.com/alahliclub.sa

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски ќе биде во потрага по нов клуб, откако одлучи да го напушти Ал Ахли од Саудиска Арабија,

Во изминатиот период имаше информации дека наводно е прекината соработката меѓу двете страни. Но, Алиоски повторно беше во составот на Ал Ахли и тоа како стартер на претходните три натпревари.

На последниот меч против Ал Тае (2:0) нашиот играч беше заменет во судиското надополнување (90+7`) по што доби стоечки овации од навивачите на стадионот скандирајќи: „Џани, Џани“.

Останува да се види во следниот период на фудбалскиот трансфер пазар каков ќе биде интересот за Алиоски. Нашиот фудбалер наскоро го очекуваат нови репрезентативни обврски, на 9 септември против Италија во Скопје и три дена подоцна на гостувањето кај Малта.

За Ал Ахли во сезоната 2021/2022 имаше 28 настапи и шест голови, лани беше на позајмица во Фенербахче (17 настапи, еден гол во турска Суперлига), а сезонава запиша четири настапи за Ал Ахли во тамошниот шампионат. Алиоски имаше чест во составот на Ал Ахли да игра заедно со две поранешни премиерлигашки ѕвезди, Ријад Марез и Роберто Фирмино.

На клупски план беше дел и од швајцарските Јанг Бојс, Шафхаузен и Лугано, како и англискиот Лидс јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот