ВИДЕО | Александра Пријовиќ во најпровокативно издание досега: Со длабоко деколте и нова фризура во Тузла

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Популарната српска пејачка Александра Пријовиќ го одржа својот втор концерт во Тузла. На задоволство на публиката пејачката ја претстави својата нова фризура, а концертот го отвори во досега најпровокативна модна комбинација.

Пријовиќ беше облечена во црн, светкав и полупроѕирен фустан со кој го истакна нејзиното деколте. По концертот пејачката објави видео на својот инстаграм-профил, на кое може да се види како се подготвува за отворањето на концертот, но и жешката атмосфера која ја направи.

Видеото му се допадна и на нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, кој е задолжен за продукцискиот дел на оваа турнеја, кој и остави „лајк“ под видеото.

„Тузла, бевте прекрасни! – напиша Прија во насловот на оваа објава, и додаде емотикон со црвено срце.

Инаку, Александра пред првиот концерт за босанските медиуми откри дека турнејата продолжува и дека наскоро ќе објави нови термини, а како што се шпекулира ќе настапи во уште неколку земји од регионот, кои не беа вклучени во турнеја засега.

ФОТО | Александра Пријовиќ ја објави најемотивната фотографија и кратко напиша: „Живот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот