Вестбрук е само почеток, во Лејкерс доаѓа уште една ѕвезда?!

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Неполни 48 часа откако ЛА Лејкерс се договори со Вашингтон визардс да направи размена со која од 6. август Расел Вестбрук ќе им се приклучи на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, уште една ѕвезда се споменува со тимот од Лос Анџелес.

Новинарот на Бличер Репорт, Џејк Фишер пренесува дека Демар Дерозан сака да им се приклучи на Џејмс, Дејвис и Вестбрук и е подготвен да игра за помала плата од таа што може да ја добие во останатите екипи.

Дерозан една година пред Торонто репторс да ја освои шампионската титула беше разменет во Сан Антонио спарс со кого немаше успеси во плеј-офот, во 31. година од животот сака да ја нападне титулата, а идеален тим според него е токму ЛА Лејкерс.
Освен Дерозан, како можни заслувања се споменуваат уште и Руди Геј и Кармело Ентони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот