Вештачка интелигенција може да идентификува лозинки според звукот на копчињата на тастатурата

Фото: Пекселс/ Soumil Kumar

Внесувањето лозинка на компјутерот за време на разговор на „Зум“ (Zoom) може да овозможи сајбер напад, бидејќи вештачката интелигенција (ВИ) може да одреди кои копчиња се притискаат со слушање на звукот додека пишувате на тастатурата, според студијата објавена на Европскиот симпозиум за работилници за безбедност и приватност.

Експертите велат дека поради тоа што алатките за видео конференции како „Зум“ стануваат сѐ пошироко користени и уредите со вградени микрофони стануваат сѐ поприсутни, така се зголемува и заканата од сајбер напади базирани на звук, објави „Гардијан“ (Theguardian).

Истражувачите велат дека создале сопствен систем, кој може да одреди кои копчиња се притискаат на тастатурата на лаптопот со повеќе од 90 отсто точност, само врз основа на звучните снимки.

„Можам да видам како точноста на овие модели и овие напади се зголемуваат“, рече коавторот на студијата д-р Ехсан Тореини од Универзитетот во Сари.

Тој додаде дека паметните уреди кои имаат микрофони стануваат сѐ почести во домаќинствата.

Студијата наведува дека истражувачите го притискале секое од 36-те копчиња на „Макбук Про“ (MacBook Pro), вклучувајќи ги сите букви и бројки, 25 пати по ред, користејќи различни прсти и со различен притисок.

Резултатите откриле дека системот може точно да го одреди точниот тоналитет на звукот 95 отсто од времето кога снимањето било направено преку телефонски повик и 93 отсто од времето кога снимката била направена преку повик на „Зум“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот