Верувале или не: Во ова место се раѓаат само девојчиња

Фото: Artur Widak/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Во полското место Мијесце Одражанские не се родило ниту едно момче во последните десет години. Градоначалничката Кристина Зиѕјак распишала награда за оние кои ќе откријат како во ова место се случило „исчезнувањто“ на момчињата, а научниците пробуваат да истражат што е причината за овој феномен.

Местото станало „славно“ кога на регионалниот натпревар на млади пожарникари волонтери тие имале екипа сосатвена само од девојчиња.

Како и многу други полски населени места и ова полека ги губи своите жители. По крајот на Втората светска војна во ова место живееле 1200 жители, а сега има само 272. По падот на комунизмот во 1989 година се зголемила емиграцијата, а тој тренд уште повеќе се зголемил по влезот на Полска во Европската унија во 2004. Денес 2 милиони Пољаци живеат во други делови на Европа.

Парот кој прв ќе добие момче, ќе добие и вредна награда.

„Толку многу се зборуваше за ова по медиумите, што ми падна на памет една улица да го добие името на првото момче кое ќе се роди. Сигурно е дека ќе добие многу убав подарок. Ќе посадиме и дабово дрво кое ќе го носи неговото име“, изјавила градоначалничката Зиѕјак.

Жителите не се премногу загрижени бидејќи трендот го сметаат за случајност, а од бизарните совети како да добиете момче, најистакнат е оној дека под брачниот кревет треба да чувате секира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот