Верстапен ќе стартува од пол позицијата пред Големата награда на Монако

фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на „Ред Бул“, Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Монако, откако беше најбрз во квалификациите.

Верстапен го постигна најдобриот резултат на улиците на Монте Карло во последните моменти од квалификациите, 1:11.365 мин. Холанѓанецот на крајот преку радио до својот тим кажа дека удри во ѕид во два наврати за време на најбрзиот круг. Тоа е 23 пол-позиција во кариерата за двократниот Ф1 светски шампион.

Второто место го зазеде возачот на „Астон Мартин“, Фернандо Алонсо, со заостанување од 0,084 секунди. Домашниот возач Шарл Леклер од „Ферари“ беше трет со 0,106 секунди заостанување.

Возачот на „Алпин“, Естебан Окон ќе стартува од четвртата позиција, Карлос Саинц од „Ферари“ од петтото, а седумкратниот светски шампион од „Мерцедес“ Луис Хамилтон ќе стартува од шестата позиција.

Возачот на „Алпин“, Пјер Гасли беше седми, Џорџ Расел од „Мерцедес“ осми, Јуки Цунода од „Алфа Таури“ деветти, а возачот на Мекларен Ландо Норис ќе ја започне трката од 10 место.

Возачот на „Ред Бул“, Серхио Перез го заврши натпреварувањето во првиот дел од квалификациите откако удри во ѕидот и ќе ја започне трката како последнопласиран. Големата награда на Монако ќе се вози во недела од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот