Вера го фатила сопругот со љубовница, а потоа се решила за СУРОВА ОСВЕТА

Вера Вуден (42) од Лорел, Кентаки, збеснала кога го видела својот сопруг со љубовница во автомобил. Таа, наводно, го извлекла од автомобилот и почнала да го тепа, по што таа започнала расправија со љубовницата, која сепак успеала да избега.

Според полицијата, Вуден тогаш зела бензин и го истурила врз сопругот, по што таа фрлила запалка кон него. После пожарот, сопругот завршил со изгореници од колената до вратот, се вели во судските документи. Исто така, се вели дека полицијата во неколку наврати одговорила на повик во нивниот дом во врска со расправии и насилството.

По нападот, Вера го возела нејзиниот сопруг до болница, каде му била извршена операција која траела пет часа.

Во средата, таа беше прогласена за виновна за нападот што се случи на 7 август 2017 година и, по издржувањето на казната, нема да и биде дозволено да му пристапи на сопругот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот